Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ЗА КОЛКУ ВРЕМЕ СУДОТ ПОВТОРНО ЌЕ ГО ВРАТИ ИСТИОТ ДРВОКРАДЕЦ ДА ПРОДОЖИ ДА КРАДЕ ДРВА“: Михаилов со фотографии бара одговори

„ЗА КОЛКУ ВРЕМЕ СУДОТ ПОВТОРНО ЌЕ ГО ВРАТИ ИСТИОТ ДРВОКРАДЕЦ ДА ПРОДОЖИ ДА КРАДЕ ДРВА“: Михаилов со фотографии бара одговори

Заменик директорот на Национални шуми, Кире Михаилов вечерва со остра реакција за фатено комбе поради крадени дрва кое и покрај пријавата повторно е вратено на терен и повторно сопствениците крадат дрва со него. 
- Комбето кое го гледате на сликава пред извесен период било одземено при превоз на нежигосани и бесправно посечени дрва во Прилеп и истото се наоѓаше во шумскиот склад на подружница "Црн Бор" Прилеп.

Истово комбе, кое го гледате на сликава, после извесен период во складот, пред околу еден месец од страна на судот беше вратено.

Овие слики се од вчерашна акција во Прилеп каде истово комбе повторно го одземавме, повторно при кражба на нежигосани и бесправно посечени огревни дрва - пишува Михаилов на социјалните мрежи.

Потоа дополни „чисто ме интересира, за колку време судот повторно ќе го врати на истиот дрвокрадец да продолжи со него да краде дрва, а ние да го бркаме и по трет пат да го фаќаме?!?“.
Видно револтиран додаде:
- ДАЈ НЕ СЕ ЗАЕБАВАЈТЕ СО НАС И СО СИТЕ ГРАЃАНИ НЕ САМО НА ПРИЛЕП, ТУКУ И СО ГРАЃАНИТЕ НА ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА.

КОЈ КОГО ОВДЕ ЗАЕБАВА.

И 2 ОТСТО ДОВЕРБА ВИ Е МНОГУ - истакна Михаилов. 
Еве ја неговата објава: 
Фото: Принтскрин/Фејсбук


Слично

Поврзани вести