Економија, финансии, бизнис

Контакт

За колку време ќе завршат уставните измени?

За колку време ќе завршат уставните измени?

По гласањето кое помина, следува втората фаза, односно враќањето на постапката од пленарната седница во комисијата, што вклучува утврдување на предлог амандманите.

Од предлагањето на нацрт амандманите, до пленарната сесија за нивно усвојување ќе поминат помалку од 30 дена. На пленарната седница, предлог амандманите се одобруваат со мнозинство од вкупниот број пратеници или со 61 пратеник.

Собранието откако ќе ги усвои овие амандмани, тие одат на фаза на јавна расправа, чие времетраење го поставува Собранието. Владата во ова фаза мора да изготви нацрт измени. Од моментот на доставување на предложените амандмани до Собранието до пленарната седница за завршување на третата и последната фаза, мора да поминат најмалку 30 дена. За амандманот на преамбулата, покрај 2/3, потребно е и Бадентерово мнозинство.

За завршување на уставни измени, потребни се најмалку 100 дена. 

Слично

Поврзани вести