За колку време институциите ќе го променат името?
Институциите кои во своето име имаат македонска, македонско имаат рок од четири месеци да го променат името, изјави денеска портпаролот на Владата, Миле Бошњаковски.
На граничните премини новото име ќе биде напишано на македонски, англиски и на јазикот кој го говорат 20 проценти од граѓаните во таа локална самоуправа.
Не се знае точно кога ќе биде поставено новото име на зградата на Владата, но тоа, како што вели Бошњаковски, треба да биде направено во рок од четири месеци, период во кој треба да се променат и таблите на институциите на централно и локално ниво.
Градовите Македонски Брод и Македонска Каменица нема да ги менуваат имињата.
Слично
