За колку ќе порасне температурата во Скопје од глобалното затоплување?
Поради глобалното затоплување, температурите во Скопје ќе пораснат за 8.4 степени.
Загрижува списокот на десетте градови, во кои летните температури постојано се зголемуваат. Се предвидува таквите тенденции да продолжат до 2100 година.
Првите три места на листата ги заземаат градови од Балканот. Тие ќе бидат најпогодени. Температурите во Софија, доколку продолжи емисијата на штетни гасови, до крајот на веков ќе се зголемат за 8,4 степени, а истото се однесува и за Скопје. Трет на листата е Белград, за кој се предвидува зголемување на температурите за 8,3 степени.
Тропските горештини годинава можат да бидат уште понеподносливи ако не биде спречено глобалното затоплување, тврдат научници од американската независна организација „Climate Central“.
Организацијата наведува дека во цел свет летните периоди стануваат многу потопли, а до крајот на векот ситуацијата ќе биде драматична доколку не прекине загадувањето на воздухот. Особено загрозени ќе бидат градовите чие население постојано се зголемува, па поради тоа температурите во нив би можеле да бидат за 7,8 степени потопли отколку во руралните области.
Сега скоро 54% од населението во светот живее во градовите, а до 2050 година се очекува населението во урбаните средини да се зголеми за 2,5 милијарди жители.
