За колку ја утна Заев?
Стево Пендаровски, кандидатот на владината коалиција, победи со 58.000 гласа разлика пред Гордана Силјановска Давкова, поддржана од најголемата опозициска партија, во вториот круг од претседателските избори.
Иако разликата, споредбено со првиот круг од пред две недели,е многу голема, сепак прогнозата на премиерот Зоран Заев не беше ниту малку блиску. Тој за време на вториот дел од кампањата на трибините пред граѓаните како во настапите на телевизија прогнозираше дека Пендаровски ќе победи со 100.000 гласа разлика во однос на Силјановска.
Пендаровски освои 435.957 гласови, додека Силјановска обезбеди 377.392. Во првиот круг Пендаровски имаше 322.581 гласови на своето конто, додека 318.341 го дадоа својот глас за Силјановска. Според тоа, и победникот и поразениот добија многу повеќе гласачи на своја страна, иако кај Пендаровски тоа беше многу позначително со повеќе од 113.000 илјади плус.
