Економија, финансии, бизнис

Контакт

За колку е намалено производството на шумски производи?

За колку е намалено производството на шумски производи?

Вкупното производство на шумски производи во државните шуми во четвртото тримесечје од 2016 година, во однос на четвртото тримесечје од 2015 година, е намалено за 31.7%. 

Зголемување на шумското производство е забележано кај рудничко дрво од иглолисни и листопадни видови, просторно дрво од иглолисни видови и кај друго обло дрво од листопадни видови. 

Според податоците на Државниот завод за статистика, намалување на шумското производство е забележано кај трупците од иглолисни и листопадни видови,  друго обло дрво од иглолисни видови, просторно дрво од листопадни видови, огревно дрво од иглолисни и листопадни видови и кај друго грубо обработено дрво, цепаници, дрвени мотки.

Вкупното производство на шумски производи во државните шуми во третото тримесечје од 2016 година, во однос на третото тримесечје од 2015 година, беше зголемено за 1.7%

Слично

Поврзани вести