„ЗА КОЛАПСОТ НА МАКЕДОНСКОТО ЗДРАВСТВО ВО ЧЕТВРТАТА ЕКОНОМИЈА ВО ЕВРОПА“: Мојсоска со фотографии од болницата во Битола
Пратеничката од редовите на опозициската Левица, Јована Мојсоска преку својот профил на социјалната мрежа Фејсбук сподели фотографии и коментар од наши сограѓани за состојбите во кличничкиот ценатр во Битола.
Воедно, во нејзин стил, Мојсоска потсети дека медицинските установи не ги исполнуваат ниту минималните услови за сместување пациенти.
- За колапсот на македонското здравство во „четвртата економија во Европа". Ова се слики што ми ги пратија од клиничкиот центар во Битола (кој не ни исполнуват услови за клинички центар поради игнорантниот однос кој властите со децении го негуваат).
Но, далечна е бедата и мизеријата на јавното здравство за политичките елити кои безобразно трошат баснословни суми за службени возила и аспарагуси - напиша Мојсоска на својот Фејсбук.
Потоа пренесе и дел од објаснувањето кое го добила од роднини на граѓани кои престојувале во болницата.
- Ова е интерно одделение. Моментално мајка ми сместена е тука 5-ти ден. Јадење, гладни лежат луѓето. Да види цела јавност зошто плаќаме здравство, каде се лечат пациенти, во шпајз, во штала, подобро да стават клуч на Клиничката болница во Битола. Услови никакви, храна, расипани јајци, паштети, компир манџа недоварена. Мизерија невидена, луѓето наместо да се лечат ќе умрат во вакви услови - објаснува револтирано наша сограѓанка.
Еве го постот на Мојсоска заедно со фотографиите:
Фото: Принтскрин/Фејсбук
Слично
