„За која младина и иднина зборуваме - пороците и се достапни во период на развој“: Ина Многуфина со остра забелешка
Со секоја влада е горе доле истиот фокус, Европа, економија, чат пат некое законче ќе се смени, пресови секој ден за опасни криминали па после ни истрага ни ништо...све е исто со години.
Со овие зборови го почнува својот пост, општествната активистка, Ина Многуфина, осврнувајќи се на голем општествен проблем, за кој ретко кој зборува, иако состојбата е навистина сериозна.
- Тоа што тивко проаѓа покрај нас, покрај пратениците кои никако да сфатат колку можат да се битни за народот, покрај оние што ја водат државата е тоа дека децата во Македонија пропушуваат на 9 години, се токсицираат со алкохол на 13 и коцкарниците вртат милијарди.
Тоа што треба некој да направи одма е да се фокусира на општеството кое пропаѓа во пороци. За која младина и која иднина збориме ако остане младина на која пороците и се достапни во период на развој?
Ген З направила 850 милијарди долари штета на алкохолната индустрија бидејќи не пие алкохол. Кај нас аптеки им продаваат седативи на деца без рецепти.
Општество кое од прогресивни идеи се претвара во клошарски распад. Со општеството треба да се бави некој многу сериозно.
Не од утре, од вчера. Насилство, сериски, пороци, малку луѓе сме ние тука за да бидеме ко документарец на Нетфликс - пишува таа во својата објава на Фејсбку.
