За кој предмет на СЈО бизнисменот Кочан треба да издржи казна од безмалку 5 години затвор?
17 јули е датумот кога бизнисменот Сеад Кочан треба да оди во затвор.
Кочан доби затворска казна првично од 6 години но потоа истата му беше намалена на 4 години и 8 месеци за случајот „Труст“ на Специјалното јавно обвинителство согласно кој е осуден.
Овој случај беше отворен во 2017 година за добивање милионски тендер од ЕЛЕМ.
Станува збор за тендерот што во 2011 година го распишала државната фирма „Електрани на Македонија“ (ЕЛЕМ) за ископување јаловина и јаглен од рудникот Суводол во Битола. Доставувајќи фалсификувани документи за сопственост на мехнизација и за кадровска екипираност, три фирми, задружени во конзорциум, го добиле тендерот на ЕЛЕМ, вреден 1,06 милијарди денари или 17.235.772 евра. Во „Труст“ се осомничени три правни и три физички лица. Станува збор за фирмите „Трансмет“ од Скопје,, „Силекс“ од Кратово и „Вато“ од Студеничани.
