Економија, финансии, бизнис

Контакт

За кои прашања Димитров и Коѕијас имаат напредок?

За кои прашања Димитров и Коѕијас имаат напредок?

Mинистрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, по средбата во Охрид рекоа дека за дел од прашањата постигнат е напредок, за дел постојат разлики. 

Нова средба најавија за 3 и 4 мај во Солун.

„Разговаравме за прв пат за временската рамка и за чекорите, за кои доколку се постигне решение, како тоа ќе изгледа и како ќе се имплементира. Ова беше разговор без надмудрување, со големо разбирање за потребите на другиот и нашиот главен предизвик е како главните грижи на двете страни да ги составиме и да ја најдеме комбинацијата што ова ќе го обезбеди“- вели Димитров.

Тој нагласи дека додека траела нивната средба со Коѕијас, средба одржале и работните групи составени од високи дипломати на двете земји. 

Коѕијас  рече дека секогаш кога се среќавале дискутирале и за тешки прашања.

„Освен темите кои ги решаваме, постои и меѓусебно разбирање. Во наредниот период ќе се сретнеме, сигурно е дека ќе се сретнеме на 3 и 4 мај во Солун, а исто така и на 11 и 12 мај кога ќе ја дискутираме иднината на Европа“- рече Коѕијас.

Грчкиот шеф на дипломатијата изрази благодарност до дипломатите на двете земји, наведувајќи дека тие забележуваат напредок „во предметот кој го имаат преземено“, посебно рамката на заедничка соработка, но и на „тешкото прашање“ кое се однесува на иредентизмот.

Слично

Поврзани вести