Економија, финансии, бизнис

Контакт

За кого Заев го чува вицепремиерското место за реформи?

За кого Заев го чува  вицепремиерското место за реформи?

Премиерот Зоран Заев, изјави дека вицепремиерското место за реформи ќе го чува за Алијансата за Албанците.

Тој вели дека испразнетите места на заменик-министрите од партијата на Зијадин Села, кои веќе поднесоа оставки, ќе бидат поплнети по Нова годин

„Потпретседателот на Владата за реформи значи да го координира дури и Заев, да го координира министерот за правда, министерот за внатрешни работи, европски прашања, но и другите министерства“- изјави Заев. 

Премиерот смета  дека со успешност на реформите, една мала партија би можела подобро да се позиционира.

Заев рече дека на Алијансата за Албанците ѝ биле доделени сериозни институции, како Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Имотно-правната служба, Агроберзата.

Премиерот вели дела не преговарал со ДПА, но не ја отфрли можноста за преговори по празниците. 

Заев се надева дека до 15 јануари ќе бидат пополнети испразнетите места. 

Слично

Поврзани вести