За кога се одлага средбата на македонските и грчките претставници со Нимиц?
Средбата на претставниците на Македонија и на Грција со посредникот во спорот за името Метју Нимиц ќе се одржи на почетокот на декември, а не овој месец како што беше најавено.
Наместо на 20 или 21 ноември средбата е презакажана за декември. Според пишувањата на грчките медиуми, Нимиц би требало да даде предлог за решавање на спорот.
Весникот „Катимерини“ пак, најави дека вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи следната недела ќе ја посети Атина каде што ќе разговара со високи претставници на грчките власти. Весникот пишува дека се очекува средбите меѓу претставници на двете земји да се интензивираат на почетокот од следната година.
Слично
