За Кекеновски нема потреба Рамковниот да се потенцира
Професорот Јове Кекеновски вечерва на тв 24 изјави дека Владата нема мандат да врши измени во преамбулата на Уставот.
Вели дека во ниту еден момент не е негиран Рамковниот договор, и нема потреба да се потенцира.
Кекеновски додаде дека Рамковниот договор изврши трансформација на системот во Македонија, односно дефакто ја претвори во бинационална држава.
„Беше исфорсирана албанската етничка заедница на сметка на другите“, рече Кекеновски.
Aналитичарот Алајдин Демири вели дека ние браниме лош Устав, кој според него генерирал кризи.
Слично
