Економија, финансии, бизнис

Контакт

За Каракачанов интервјуто на Заев било мал чекор, но сака пишан план

За Каракачанов интервјуто на Заев било мал чекор, но сака пишан план

Заев направи мал чекор во вистинска насока, но треба писмен документ, изјави Красимир Каракачанов, бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана. 

Тој денеска рече дека интервјуто на премиерот Зоран Заев за БГНЕС  е „мал чекор во вистинска насока“ и оцени дека ако се оди со оваа брзина, може Македонија да ги започне преговорите со ЕУ.

 За бугарската ТВ Би-ти-ви Каракачанов вели дека Заев собра храброст и поради тоа  некои од неговите противници го критикуваат. 

„Но, јас не верувам во декларации и интервјуа, туку сакам да видам што ќе се направи на дело. До пред два месеца, некои работи што ги кажа сега – за заедничката историја, за некои заеднички херои – беше незамисливо да ги слушнеме. Ова е чекор напред. Историјата е заедничка, но треба да појасниме каква. Таа е заедничка, но сепак таа е бугарската историја“, рече Каракачанов. 

Тој вели дека сакаат пишан план. 

„Ние сакаме овој услов да биде многу јасен во договорот со ЕУ и да биде јасно дека можеме да го запреме овој процес во секое време доколку договорот меѓу Бугарија и Македонија не биде исполнет од нивна страна“, нагласи Каракачанов.

Интервјуто на Заев поттикна многу реакции во Македонија. 

„Антифашистичкото минато е дел од моето семејство и од мојот град, и јас имам дедовци и баби учесници во НОБ, но наша должност како нација и граѓани, а посебно моја како премиер, е да ги правам исчекорите и да градам пријателство низ призмата на Европската унија, бидејќи огромното мнозинство е за членство“, рече денеска премиерот Зоран Заев од селото Гиновци.

Бранко Црвенковски, поранешниот Претседател на Република Македонија, основач и долгогодишен претседател на СДСМ, упати јавно обраќање до раководството и до членовите на СДСМ.  Побара да се оградат од ставовите на Заев кои се скандалозни и можат да направат штета. 

Слично

Поврзани вести