Економија, финансии, бизнис

Контакт

За какви подобри времиња зборува Груевски?

За какви подобри времиња зборува Груевски?

Не се појави во јавноста, но затоа се јави на социјалните мрежи.

Поранешниот претседател на ВМРО ДПМНЕ и екс премиер кој е осуден на две години затвор, им порача на следбениците дека за Македонија доаѓа подобро време.

Груевски вчера не беше во судницата за време на изрекувањето на пресудата со која е осуден поради незаконското влијание на претставниците во министерството за внатрешни работи при купување на луксузен автомобил.

Потоа тој се огласи на својот Фејсбук профил и својата реакција ја сподели со граѓаните.

Тој ги повика Македонците да ја кренат главата и да не забораваат, како што вели, дека ова е земја на сите кои живеат во неа и ничија друга.

ВМРО ДПМНЕ исто така веднаш реагираше со напуштање на парламентот.

Тие не објаснија зошто ја напуштиле седницата, како и дали ќе продолжат да ги бојкотираат следните.

Александар Николовски од ВМРО ДПМНЕ изјави дека против Груевски се спроведува политички прогон и дека сите политички процеси се покренати против оние кои се противници на актуелната власт.

Од партијата посочија дека судството функционира по својни аршини и дека сите постапки биле подложни на ревизија.

И покрај се, јавноста најмногу ја „заинтригира“ тврдењето на Груевски за какви подобри времиња зборува тој . Дали можеби се обидува да испрати некаква скриена порака преку тоа што го напиша на социјалните мрежи, засега останува да видиме.

Слично

Поврзани вести