Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој доби јавна опомена од КХВ?

Кој доби јавна опомена од КХВ?

Јавна опомена за директорот на Дирекцијата за вршење на услуги со хартии од вредност на „Комерцијална банка“ и за самата дирекција изрече Комисијата за хартии од вредност (КХВ). Овластениот брокер добил привремена забрана да врши работи за кои има добиено дозвола во траење од 15 работни денови. 

„Ваквите мерки, КХВ ги донесе бидејќи при редовна контрола на целокупното работење  на Дирекцијата за вршење на услуги со хартии од вредност на „Комерцијална банка“ за 2017 година беа утврдени наоди за неправилности, незаконитости и за непочитување на одредбите од Правилата за тргување на Берза, Правилата за работа на Централниот депозитар за хартии од вредност и од Законот за хартии од вредност, соопштуваат од Комисијата

Информираат и дека со решение ја задолжиле дирекцијата на „Комерцијална банка“ во рок од 30 дена да ги отстрани утврдените неправилности и незаконитости и за тоа да ја извести Комисијата. 

Слично

Поврзани вести