„ЗА КАКОВ ВИД НАПОР СТАНУВА ЗБОР?“: Хајредини со забелешки за изјавите на гувернерот
Поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини, кој последниве години важи за остар критичар на политичките случувања во земајва, се огласи вчера по изјавите на новиот гувернер.
Тој го цитираше гувернерот околу изјавата за инфлацијата, укажувајќи дека како гувернер треба да има повоздржани ставови за работењето на Владата.
- Славевски: Напори за инфлација под три проценти, охрабрувачки сигнали од Владата.
ххх
За каков вид напори станува збор, умен или физички?
П.с.
Нема потреба, гувернерот при секој јавен настап, да ги фали и охрабрувачки да ги оценува сигналите од Владата - нагласува Хајредини.
Слично
