За Јанакиески мерката куќен притвор е заменета со мерка претпазливост
Aпелација го укина куќниот притвор на екс министерот Миле Јанакиески.
Апелациониот суд денеска до Основниот кривичен суд Скопје го достави решението со кое на обвинетиот во повеќе судски предмети Миле Јанакиески, му ја укинува мерката куќен притвор и му ја заменува со мерка претпазливост.
Тој има забрана за напуштање на територијата на државата и Град Скопје, односно обврска обвинетиот да се јавува во судот и забрана за издавање на друга патна исправа. Јанакиески е во притвор веќе три години, од кои над две години е во домашен притвор. Јанакиески е обвинет во случаите ТНТ, Титаник, Талир, Топлик, Траекторија и Шпански скали
Слично
