Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗА ИЗЈАВИТЕ НА ВУЧИЌ ЗА КУРТИ: Џафери вели дека тоа е пропаганда

ЗА ИЗЈАВИТЕ НА ВУЧИЌ ЗА КУРТИ: Џафери вели дека тоа е пропаганда

Според техничкиот премиер Талат Џафери, српскиот претседател Александар Вучиќ е дел од пропагандата против Албанците во Македонија. 

Пораката на српскиот претседател, дека косовскиот премиер Албин Курти сака да го симне ДУИ од тронот, а после изборите да биде дел од власта во Македонија, техничкиот премиер ја оцени како пропаганда.

„Божем многу се загрижени за судбината на Али Ахмети и ДУИ, а во суштина се против интересите, колективни на Албанците овде. Но, граѓаните тоа го разбираат соодветно, на што се однесува таа „душегрижевност“, рече тој. 

Како што кажа Џафери, интересите на Вучиќ, биле против колективните на Албанците во државата.

Можното учеството на партијата на косовскиот премиер на изборите во Македонија беше отворено на крајот на 2023 година, кога албанскиот опозициски блок најави дека на нивните листи ќе има и имиња на партијата Самоопределување, чиј лидер е Албин Курти.

Лани при посетата на Курти на Тетово се вееше и знамето на Голема Албанија, што го вознемири регионот. 

Слично

Поврзани вести