Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗА ИЗБОРИ ВО ЈУНИ: Mицкоски им посака среќа на СДСМ

ЗА ИЗБОРИ ВО ЈУНИ: Mицкоски им посака среќа на СДСМ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски им посака среќа на СДСМ ако одлучат да одат на избори во јуни, без да одговори конкретно дали ќе ги бојкотира тие избори, во гостување на ТВ Сител.

„Ако одлучат да одат во јуни на избори, со среќа нека им се тие избори”, изјави Мицкоски.

На новинарското прашање дали тоа значи дека нема да одат на избори, Мицкоски само повтори: „Со среќа нека им е, тоа можам да им посакам”.

Денеска, на прес-конференција во партиското седиште, лидерот на СДСМ Зоран Заев изјави дека сака да има избори на 21 јуни.

Вчера на лидерската средба немаше конкретен договор за тоа кога ќе имаме избори. Партиите дале само предлози. 

Слично

Поврзани вести