За изборен притисок следува затвор од три до пет години
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска го посети СВР Тетово во склоп на посетите кои се реализираат во секторите за внатрешни работи во државата, со цел одблиску да се запознае со моменталните состојби и проблемите со кои се соочуваат, но и уште еднаш да потенцира дека не смее да има никакви притисоци врз граѓаните на престојните избори.
„Ниту еден полициски службеник не смее да се вклучува во политички кампањи и не смее да се злоупотребуваат ниту човечки ресурси, ниту материјални-технички средства за престојната кампања на било која од политичките партии. Апелирам до граѓаните од Тетово, Гостивар и околните места доколку имаат каков било притисок од припадник на македонската полиција, од раководни структури во МВР или притисок од кој било државен службеник , на пример, директори на центри за социјални работи, директори на други институции...кои што се закануваат на избирачите, да пријават навремено во Министерствотото за внатрешни работи и ќе бидат преземени строги санкции“ рече министерот Спасовски.
Тој потети дека вршење притисок поврзан со изборите се казнува со затвор од три до пет години.
