Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗА ИСКРШЕНИТЕ СТАКЛА ВО БИТОЛА КОИ БЕА ПОСЛЕДИЦА НА БЕСНА ЕКС СОПРУГА - Петков му се јавил на Ковачевски

ЗА ИСКРШЕНИТЕ СТАКЛА ВО БИТОЛА КОИ БЕА ПОСЛЕДИЦА НА БЕСНА ЕКС СОПРУГА - Петков му се јавил на Ковачевски

Премиерот на Бугарија, Кирил Петков, барал објаснување од македонскиот премиер Димитар Ковачевски за инцидентите кои се случиле во Македонија.

Според нашиот премиер, тој и Петков комуницирале телефонски за искинатите венци на гробот на Гоце Делчев и искршените стакла во Битола.

„Сакаше да се информира за двата инциденти кои се случиле во нашата држава, едното е за искинатите венци на гробот на Гоце Делчев и го информирав дека МВР ги прави потребните работи. И второто беше за искршеното стакло во Битола, за кое полицијата кажа дека не станува збор за политички инцидент“, рече Ковачевски.

Прашан дали разговарале за политички прашања кои треба да се решат, тој негираше: „Во однос на отворените прашања, министерствата на двете држави работат на отворените прашања. Ако има напредок прифатлив за двете страни, тогаш МНР ќе соопшти, на ист начин како што министерот за надворешни работи веќе образлагаше“.

Слично

Поврзани вести