Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗА ИНЦИДЕНТОТ ВО СТРУМИЦА: Дваесетина луѓе го однеле мртовецот сосе креветот

ЗА ИНЦИДЕНТОТ ВО СТРУМИЦА: Дваесетина луѓе го однеле мртовецот сосе креветот

Полицијата и јавното обвинителство го расчистуваат случајот со украдениот мртовец во Струмица. 

Пациентот на 49 годишна возраст е примен во амбуланта во тешка состојба, а го донеле неговата ќерка и сопругата. 

По дваесетина минути тој починал, а дваесетина граѓани од Турското маало во Струмица насилно го извлекле починатиот сосе кревет надвор во дворот на болницата, го дигнале од креветот и го префриле преку оградата, го ставиле во комбе и заминале во непознат правец.

Директорот на струмичката болница, Наќе Гогов, го осудил овој чин, бидејќи граѓаните кои го грабнале починатиот не им дозволиле на лекарите да потпишат посмртница и да ги пополнат потребните документи, а се однесувало насилно и кон медицинскиот персонал.

Не се знае дали починатиот бил заразен со коронавирусот. 

Во текот на денот на улиците на Струмица имаше тепачка, но не се знае дали се работи за луѓето кои го грабнале починатиот човек. 

Слично

Поврзани вести