Економија, финансии, бизнис

Контакт

За имунитетот на Љупчо Димовски Собранието утре ќе одлучи

За имунитетот на Љупчо Димовски Собранието утре ќе одлучи

Собранието утре ќе одлучува за имунитетот на пратеникот, Љупчо Димовски. 

Единаесеттата седница на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања на Собранието ќе се одржи утре со почеток во 11 часот, а единствена точна на дневен ред е барањето за одобрување притвор на пратеникот Љупчо Димовски.

Барањето е поднесено од Основен суд Скопје 1 Скопје, Одделение за организиран криминал и корупција.

Екс министрите Ацо Спасеновски, Михаил Цветков и Љупчо Димовски беа повикани на разговор во полиција заради истрага за злоупотреба на службена должност во времето кога биле министри за земјоделство. 

Тие се осомничени за злоупотреба на службена должност при издавање под закуп на земјоделско земјиште.

Слично

Поврзани вести