Економија, финансии, бизнис

Контакт

За Имер Селмани пратениците кои гласаа за уставни промени се големи патриоти

За Имер Селмани пратениците кои гласаа за уставни промени се големи патриоти

Глетката пред Парламентот е уште еден доказ дека и тие луѓе коишто јавно можеби сите овие денови беа против Договорот од Преспа, против уставните промени, интимно и на нив им е олеснато вечерва, затоа што знаат и убедени се дека само преку уставните промени и имплементација на Договорот од Преспа, Македонија ќе биде сигурна, безбедна, развиена држава, изјави поранешниот вицепремиер и министер Имер Селмани, во дебата на „360 Степени“. 

„Кој е тој родител, без разлика дали е 30-годишен или 70-годишен, којшто не сака на своите внуци и на своите деца да им гарантира сигурна иднина? И ако цел свет од Америка до Европа ни вика – ова е патот, преку овој пат треба да изодите за да стигнете до вистинското место, мислам дека секој родител, секое семејство тоа го посакува, и фактот дека нема ниту некој што протестира, ниту што демонстрира, е еден доказ плус дека интимно им олесна и на најголемиот дел од поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ“, рече тој. 

Додаде дека тие пратеници ќе бидат запаметени како вистински големи патриоти. 

Слично

Поврзани вести