Економија, финансии, бизнис

Контакт

За Хан Законот за јазици е разумно барање, но не е приоритет кој ЕУ го бара

За Хан Законот за јазици е разумно барање, но не е приоритет кој ЕУ го бара

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан денеска во Скопје изјави дека Законот за јазиците е разумно барање, но дека властите треба да направат приоритети. 


„Ако Законот за јазиците се усвои во следните неколку недели, врз основа на препораките на Венецијанската комисија, тогаш е во ред. Но, тоа што сега е важно е Владата и другите фактори во земјата да се фокусираат на законите и на условите во земјата кои се релевантни за позитивна препорака. Законот за јазици не е дел од тоа што е договорено во Пржино“ – рече Хан. 

Тој вели дека во Брисел се посветени и се залагаат за носење на ваков закон, но дека сега треба да им се даде приоритет на националните интереси.

Слично

Поврзани вести