За Хан 2025 е реалистичен датум за нови членки во ЕУ од Балканот
Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, вели дека спроведувањето на Преспанскиот договор дава сигнал дека помирувањето на Западен Балкан е можно.
Во изјава за германскиот весник Ди велт, Хан не ја отфрли можноста Македонија и Србија да бидат новите земји-членки во ЕУ ако ги исполнуваат сите услови.
„Прво, земјите во ЕУ тврдат дека членството на Западен Балкан има смисла само ако шесте земји можат да се вклучат. Решението за поранешната југословенска Република Македонија го прави ова сценариото уште повозможно. Второ, постои еден вид на позитивен натпревар на Балканот кој побрзо напредува. Долго време т.н. лидери во процесот на пристапување беа Србија и Црна Гора, но сега тоа можат да бидат Албанија и Македонија, изјавил Хан за Ди велт.
Хан потенцира и дека 2025 година е реалистичен датум за прием на нови членки од Балканот, но само доколку се исполнат критериумите.
-Датумот 2025 е индикативен, но ако се интензивира спроведувањето на реформите, тогаш е сосема реалистичен. Сепак, сите барања за членство мора да се исполнат пред некоја земја да се приклучи, нема скратен пат. Мотото е „квалитетот оди пред брзината“, вели Хан.
