Економија, финансии, бизнис

Контакт

За грчките медиуми изјавата на Димитров е торпедо?

За грчките медиуми изјавата на Димитров е торпедо?

Торпедо од Димитров во преговoрите за спорот, пишуваат дел од грчките медиуми. 

Тие  ги оценуваат денешните изјави на шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров. Пренесуваат  дека сме Македонци и зборуваме македонски и дека ако се допре идентитетот, нема решение. 

„Без да врти од околу министерот за надворешни работи на ПЈРМ, Никола Димитров, пред специјалниот медијатор на Обединетите Нации, Метју Нимиц, разјасни дека прашањето за националниот идентитет и јазик е „црвена линија“ за Скопје“ - пишува информативниот портал Протагон.

Едни медиуми пишуваат дека изјавата на Димитров е провокација, а други дека Димитров ги разјаснил позициите. 

По разговорите во Скопје, медијаторот Метју Нимиц телефонски или на средба во Солун, ќе го извести грчкиот преговарач Василакис за средбите со македонскиот државен врв, објави грчката државна телевизија ЕРТ, кусо откако заврши заедничката прес конференција на Димитров и Нимиц

Грчките медиуми постојано излегуваат со информации од свои извори за името. Најново е дека Никос Коѕиас, грчкиот шеф на дипломатијата сака решението да биде  ГорнаМакедонија споено. 

Слично

Поврзани вести