Економија, финансии, бизнис

Контакт

За градски татко во Кочани ќе се трка уште еден независен кандидат

За градски татко во Кочани ќе се трка уште еден независен кандидат

Во Кочани има и втор независен кандидат за градоначалник. По најавата на актуелниот в.д. градоначалник Венко Крстевски дека ќе настапи како независен, вчера своја кандидатура поднесе и економистот и граѓански активист Зоран Тодоров.

Тодоров ја официјализираше кандидатурата по пат на јавна објава и поднесени документи до надлежните институции. Во пораката до сограѓаните тој наведе дека ја нуди својата независна платформа „со подадена рака кон сите во Кочани“, со фокус на солидарност, одговорност и локален развој. 

Во следните недели двајцата ќе треба да ги претстават програмите. Во октомври ќе се одржат локалните избори. 

Слично

Поврзани вести