За грабежот во Тутунска обвинетите признаа вина, но не откриваат што направиле со парите
Четворицата обвинети за грабежот кој се случи во Тутунска банка признаа вина дека со умисла успеале да украдат 2 милиони и 400 илјади франци и 600 илјади евра.
Но, обвинетите не откриле што сториле со парите.
Откако обвинетите ја признаа вината, судијата закажа рочиште на 27 октомври на кое ќе бидат изнесени завршните зборови во предметот против нив. За делата кои им се ставаат на товар на обвинетите тешка кражба на предмети во вредност од големи размери и затајување пропипшана е казна затвор до 10 години. Одвоено ќе продолжи постапката за уште четири одговорни лица од банката кои се товарат за несовесно работење во службата.
Слично
