Економија, финансии, бизнис

Контакт

За фрлањето боја Мирјана Најчевска ќе треба да плати 200 евра

За фрлањето боја Мирјана Најчевска ќе треба да плати 200 евра

Професорката Мирјана Најчевска на својот Фејсбук профил објави дека ќе треба да плати 200 евра казна за фрлање боја на објекти во државна сопственост за време на Шарената револуција, за што добила две решенија со кои Комисијата за прекршоци при МВР утврдила дека таа е одговорна за фрлањето боја.

„Ете денес ми стигнаа две решенија со кои Комисијата за прекршоци при МВР утврдува дека сум одговорна за фрлање боја на објекти на државата и ме задолжува да платам 200 евра. Тоа е онаа комисија која е под надлежност на теологот министер за внатрешни работи кој дојде на власт како резултат на Шарената револуција чиј дел бев и јас, а која што се состоеше токму во фрлање боја на институциите запоседнати од страна на режимот на Груевски со цел избегнување кој било облик на насилство. Имам намера да го оспорам Решението пред Управен суд, да поведам постапка за дискриминација и да му плукнам на Заев и на неговиот потрчко-теолог кој го поставил за министер за внатрешни работи под прозор. И ги повикувам моите другарчиња од Шарената револуција кои во моментов топлат фотељчиња во власта да преземат нешто со цел запирање на натамошната виктимизација на учесниците во Шарената револуција кои не ги сместија задниците во фотељите во власта. Јас ова го разбирам како обид да бидам замолчена, како обид да запрам со критика на кој било кој се наоѓа на власт и обид да биде уништен гласот на оние назависните кои не припаѓаат на ниту една политичка партија“, напиша Најчевска. 


Власта која не трпи критика е мртва и нема никаква иднина, додава  Најчевска. 

Слично

Поврзани вести