Економија, финансии, бизнис

Контакт

За „Езерце“ во Градскиот парк стигнале 26 проекти

За „Езерце“ во Градскиот парк стигнале 26 проекти
26 решенија стигнале во општина Центар на огласот за изработка на проект со идејно решение за објектот „Езерце“ во Градскиот парк. За еден месец Kомисијата за јавни набавки треба да реши кој од овие проекти најмногу ќе одговара на барањата во огласот. За првоизбраното решение наградата е 180.000 денари, додека за  второрангираното  наградата е 150.000 денари, а третата награда  е во износ од 120.000 денари. Објектот  според условите треба да има дел наменет за посетители, влез за гости во ресторанот, гардероби и тоалети, сала за гости, сепариран простор, простор за музика, подиум за игра, како и трем и отворени тераси. Во економскиот дел треба да бидат предвидени економски влез, тоалети и гардероби за вработените, канцеларија за менаџерот на ресторанот, магацински простор и други помошни простории и кујна за подготовка на храна и канцеларија.  Наведено е дека треба да се постигне богато хортикултурно уредување со елементи за освежување на просторот, како што се: фонтана, водна завеса, каскади...
Слично

Поврзани вести