Економија, финансии, бизнис

Контакт

„За ЕУ, за Македонија, за Делчев“ - ВМРО-ДПМНЕ најави нов протест

„За ЕУ, за Македонија, за Делчев“ - ВМРО-ДПМНЕ најави нов протест

ВМРО-ДПМНЕ најави нов протест. 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил најави нов протест за во вторник.

„Протест на ВМРО-ДПМНЕ во вторник, во 18:30 часот од Министерството за правда, мостот „Гоце Делчев”, до МНР“, пишува Мицкоски.

Додава дека Гоце е црвената линија за нашето достоинство. 

Мицкоски потенцира  дека ова е протест за народот, а целта е „За ЕУ, за Македонија, за Делчев“.

„Европската Унија, од која секој ден сме се подалеку со мафијата на власт, почива врз идеите на солидарност, заедништво и градење на мостови. Владата преговара за Делчев, а очите на јавноста се далеку од тоа што за нашата земја е суштински важно. Нашите историчари заслужуваат поддршка, затоа што Гоце е столбот на македонизмот“, пишува Мицкоски. 

Деновиве од Бугарија повторно стигнаа изјави дека Македонија може да биде блокирана на патот кон ЕУ, ако не се решат историските прашања, а тука се мисли и на ликот на револуционерот Гоце Делчев. 

ВМРО-ДПМНЕ досега организираше два протести, против поскапувањето на струјата. Тие побараа да се врати старата цена на струјата. 

Премиерот Зоран Заев денеска на својот Фејсбук профил пишува дека Гоце Делчев е борец за социјална правда, додека Христијан Мицкоски, како што пишува, е бранител на криминал и неправда. 

Слично

Поврзани вести