Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗА ЕДНО ДЕНОНОЌИЕ: На 141 лице им се издадени решенија за изолација, а 14 за самоизолација

ЗА ЕДНО ДЕНОНОЌИЕ: На 141 лице им се издадени решенија за изолација, а 14 за самоизолација

Во изминатото деноноќие (23/24.05.2020) на територијата на државата на 141 лице им се издадени решенија за изолација, а 14 лица потпишале изјави за самоизолација, информираат од полицијата. 

Полициски службеници извршиле контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што констатирано е дека четири лица не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.  На ниво на целата држава 59 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 32 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. Во однос на мерката за не носење лична  заштита на лице регистрирани се  255 прекршоци.

Македонија е во карантин за празникот. и тој ќе заврши во вторник во 5 часот наутро. 

Вчера имаше 20 нови потврдени случаи на Ковид - 19. 

Слично

Поврзани вести