За едно деноноќие има 24 починати од коронавирусот
За едно деноноќие во Македонија има 24 починати од коронавирусот.
Короната „коси“ во Македонија. Пријавени се вкупно 24 починати лица, на возраст од 49 – 90 години и тоа: 14 пациенти од Скопје, од Прилеп – 2 и по едно починато лице се регистрира од Куманово, Битола, Кочани, Неготино, Радовиш, Берово, Богданци и Пехчево. Дваесет и три пациенти се починати во болнички услови, додека едно лице е починато во домашни услови.
Засега нема нови рестрикции поради ширењето на вирусот.
foto freepik
Слично
