Економија, финансии, бизнис

Контакт

За едно деноноќие хоспитализирани двоцифрен број пациенти

За едно деноноќие хоспитализирани двоцифрен број пациенти

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 67 пациенти. На кислородна поддршка се 31 пациент, нема на механичка вентилација, информира Министерството за здравство

Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 5 деца позитивни, две мајки и две деца суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 11 нови, вкупно хоспитализирани се 65 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 11, а во болницата во Штип се хоспитализирани 33 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 93 пациенти - позитивни и сомнителни на ковид-19.


Слично

Поврзани вести