За едни скандалозно, за други ништо спорно: Заслужила ли Катица бонуси од илјадници евра
Ќе ги врати ли екс шефицата на СЈО бонусите од неколку илјади евра, прашува јавноста.
Социјалните мрежи „вријат“ за износите на сумите кои ги добивале Катица Јанева и другите обвинители под капа на специјалното обвинителство и бараат доброволно бонусите да бидат вратени.
Невладините организации го осудија овој чин за кој велат дека е скандалозен а дел од нив најавија и иницијатива за враќање на бонусот на Јанева кој бил до 157 илјади евра.
Критиките не стивнаа ниту од опозициската ВМРО ДПМНЕ , додека владеачката СДСМ се правда дека нема ништо спорно и дека се е според законot.
Што мислите вие заслужиле ли јавните обвинители од државна каса да добијат толку високи бонуси за она кое го сработеа или не го сработеа ?
Слично
