За една недела нови пет лица починале од грип во земјава
Од институтот за јавно здравје денес ја информираа јавноста дека минатата недела уште пет нови лица починале како последица од тешки респираторни компликации од грип.
Досега има 28 лица починати од грип и над 20 000 заболени.
Двајца од починатите имале и други хронични заболувања а за останатите тројца не е наведено дали имале и друга болест.
Починатите лица се на возраст од 39 до 75 години.
За епидемиолозите многу е важно граѓаните да не се лекуваат сами, туку навреме да го посетат лекар.
Слично
