Економија, финансии, бизнис

Контакт

За една недела конкурс за 5.055 попишувачи и 508 инструктори

За една недела конкурс за 5.055 попишувачи и 508 инструктори

Државниот завод за статистика соопшти дека на 20 јули ќе биде објавен Конкурсот за избор на реонски попишувачи и инструктори за претстојниот попис на населението, домаќинствата и становите.

Конкурсот ќе трае до 5 август, по што ќе следува масовната статистичка операција што ќе се спроведе од 5 до 30 септември. 

„Со цел навремено да се изберат потребните реонски попишувачи и инструктори и да се остави доволно време за нивна обука, ДЗС го објавува Конкурсот со кој ќе се бараат 5.055 реонски попишувачи и 508 реонски инструктори за 50-те пописни реони“, објави ДЗС.

Кандидатите треба да се полнолетни и да не се вработени, да имаат завршено најмалку средно образование и да поседуваат компјутерски вештини. 

Пријавувањето ќе се врши преку веб-апликацијата која ќе биде поставена нa веб-страницата Popis2021.stat.gov.mk, a документите ќе се доставуваат по пошта до Државниот завод за статистика, или кандидатите ќе можат да ги донесат на денот на закажаното тестирање во комисиите на пописните реони.

„Ги повикуваме сите заинтересирани кои ги исполнуваат условите, да се пријават на Конкурсот и да дадат свој придонес во успешното спроведување на оваа најголема статистичка акција која има извонредно значење за секој од нас, но пред сè, за државата во целина“, велат од заводот.


Слично

Поврзани вести