Економија, финансии, бизнис

Контакт

За една недела има за 45.8 отсто помалку починати од коронавирусот

За една недела има за 45.8 отсто помалку починати од коронавирусот

Oд 31 мај до 6 јуни регистрирани сe 155 нови позитивни случаи од 21 град во државата со намалување од 29,5 oтсто во однос на минатата недела. Ова е наведено во извештајот на Институтот за јавно здравје. 

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=65; 41,9%), со неделна инциденца – 10,5/100.000. Највисока неделна инциденца од 35,8/100.000 е регистрирана во Демир Хисар.

Процентот на позитивност се движи од 0,1 отсто до 1,4 отсто, просечно 0,7 отсто.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (n=52, 33,5%). Заболени се регистрираат и кај лицата во возрасните групи од 50-59 (n=26; 16,8%), 40-49 (n=25; 16,1%), 30-39 (n=20; 12,9%) и 20-29 (n=18; 11,6%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=4; 2,6%) и 10-19 години (n=10; 6,5%).

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 465 лица кое биле хоспитализирани или на домашно лекување, со намалување од 30,8 отсто во споредба со минатата недела.

Пријавени се 13 починати од 6 града, 45,8 отсто помалку во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 9 лица биле над 60 години, 3 лица на возраст од 50-59 години и едно лице од 40-49 години.

Вакцинирани се вкупно 247.157 лица со барем една доза на вакцина против КОВИД-19. Комплетно се вакцинирани вкупно 143.117 лица.

Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од 31 мај до 06 јуни 2021 година се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/.

foto freepik

Слично

Поврзани вести