За една недела „Безбеден град“ двојно ги намали минувањата на црвено светло
Изминатата недела системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се поставени камери, регистрирал вкупно 4.910 прекршоци.
За минување на затворен сигнал (црвено светло) евидентирани се 16 прекршоци што претставува намалување на 51.5 отсто во споредба со минатата седмица кога беа регистрирани 33 прекршоци, а во првата недела од месецот беа регистрирани дури 163 прекршоци за минување на затворен сигнал,
Од вкупниот број на регистрирани прекршоци најголемиот број се за управување на возило со брзина поголема од дозволената 4.691, потоа за управување со возило со измината важност на сообраќајната дозвола констатирани се 203 прекршоци.
Исто така, изречени се вкупно 117 мерки „забрана за управување со возило“, чиј број бележи намалување од 20.9% во однос на минатата седмица, а во првата недела од месецот беа регистрирани дури 288 мерки „забрана за управување со возило“. Од 117 мерки кои беа изречени изминатата седмица 16 се за „минување на црвено светло“, а 101 се за „брзо возење“, од кои 75 за брзина поголема од 80 км на час во населено место, 19 за брзина поголема од 10 км на час и седум за брзина поголема од 170 км на час во ненаселено место.
Слично
