За еден месец отсвиревме 27 свадби, а најголемиот бакшиш го добивме во Словенија: Музичката приказна на Група „Круна“
Додека светот беше затворен зад маски и неизвесност поради пандемијата со коронавирусот, за шестмина македонски музичари токму тој период стана почеток на една убава приказна. Од заедничката љубов кон македонската народна песна и традиција се роди Група „Круна“ – состав кој веќе шест години успешно ја негува и промовира автентичната македонска музика, пренесува Женски магазин. Со звуците на зурлата, кавалот, гајдата и тапаните, тие создаваат препознатлив музички печат што ги издвојува на домашната естрада и ги прави омилени на свадби, веселби и концерти ширум земјата и надвор од неа.
Приказната за Група „Круна“ започнува со идејата на вокалистот Орде Неделковски и еден од најпознатите македонски зурлаџии, Џељо Дестановски, кои во екот на пандемијата решиле да формираат бенд посветен на зачувувањето на македонското музичко наследство. Денес, заедно со Али Махмудов, Влатко Китаноски, Горан Мирковски и Иван Трајковски, тие се повеќе од колеги – велат дека се како браќа, обединети од истата мисија: македонската песна секогаш да биде во центарот на вниманието.

„Приказната започна за време на короната пред 6 години, јас (Џељо) и Орде долго време се познаваме од претходно, имавме добра соработка. Јас бев иницијаторот да се формира група“, вели Џељо Дестановски кој во групата свири зурла, кавал и гајда.
Македонската народна песна и традиција се срцето на музичката приказна на Група „Круна“. Токму љубовта кон изворниот македонски мелос ги издвојува од останатите бендови, а нивниот препознатлив звук е збогатен со автентични инструменти како зурла, кавал и гајда. Со посветеност кон зачувувањето и промоцијата на македонското музичко наследство, членовите на групата каде и да настапуваат, со гордост ги изведуваат најубавите македонски песни и ора, носејќи ја традицијата до публиката на единствен и препознатлив начин.

„Се издвојуваме од другите по тоа што сме фокусирани максимално да ја презентираме македонската музика, и сме препознатливи по народните изворни инструменти кој ги свирам јас (Џељо Дестановски), зурла, кавал, гајда, и музиката е секогаш збогатена со преубавите звуци на македонските традиционални инструменти. Од самиот почеток тоа е нашиот стил на музицирање и затоа сме препознатливи и поразлични од сите останати бендови“.
Успешната приказна на Група „Круна“ годинава ќе добие уште еден значаен јубилеј – шест години постоење и активно музицирање на македонската естрада.
„Годинава на 20-ти Октомври ќе прославиме 6 години постоење. До сега не сме имале криза и се надевам дека и така ќе продолжиме затоа што ние сме максимално посветени на нашата работа и за нашата публика секогаш имаме нови песни, ора и убави преработки од македонски народни изворни песни“.
Посветеноста на работата резултирала со бројни настапи, нови песни, ора и преработки на македонски народни бисери. За нивната популарност најдобро зборуваат и бројките во екот на свадбената сезона.
„Во еден месец до сега ни се има случено да имавме рекорд. Мислам дека беа 26 или 27 свадби, месец Август ни е секогаш со толкава бројка. Најбарани песни се знае кои се за на свадба, „Свадба голема“, „Македонско девојче“, „Куме златен“ и итн. … Доста се барани и нашите песни кои се наменски направени за свадбените веселби, „Свадба ќе правиме“, „Свекрва си мајко“, „Наде моме убаво“ …
Продолжува на Женски магазин....