Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗА ЕДЕН ДЕН ВО ТЕТОВО ПОЧИНАЛЕ 5 ЛИЦА: Градоначалничката бара три недели он лајн настава

ЗА ЕДЕН ДЕН ВО ТЕТОВО ПОЧИНАЛЕ 5 ЛИЦА: Градоначалничката бара три недели он лајн настава

Градоначалничка Теута Арифи бара во тетовскиот регион првите три недели од новата учебна година да бидат онлајн, а потоа учениците да почнат да одат во училиштата. Барањето следува по неколкудневниот раст на бројот на заболени во градот, а веќе е испратено до Кризниот штаб на Владата, Министерството за образование и Комисијата за заразни болести, чија одлука се очекува утре. Барањето се однесува за сите нивоа, од основно образование до универзитетската настава. 

„Претставници од Клиничка болница велат дека освен што има болни од Ковид лица над 18 години исто така веќе има и точки низ регионот каде што има и заболени деца. Така ние веќе го имаме пикот и сметаме дека во овие три недели децата треба да бидат надвор од тие движења и да стопираме можни инфекции. После три недели да се вратат со физичко присуство. Бараме и другите оштини да не поддржат, бројките зборуваат дека тука сме сите, изјави Теута Арифи по денешната средба на општинскиот кризен штаб. 

Рече дека тие што не се вакцинирани во училиштата ќе им се бара секои 72 часа да донесат доказ за негативен тест и да продолжат да работат. 

„Мислам дека мора да повикуваме на вакцинација и малку да наложиме. Ние како локални авторитети ние ќе го спровеме, поради здравје на сите. Свесни сме дека некој поради здравствени причини не може да прими вакцина, ама тоа може да се аргументира пред училиштето.Како што се прави тестирање за шетање така и за школо ќе се прави, изјави Арифи. 

Во моментов во Клиничкиот центар во Тетово се хоспитализирани вкупно 121 пациент и се на кислородна поддршка, додека во последните 24 часа починале 5 лица.

Слично

Поврзани вести