Економија, финансии, бизнис

Контакт

За еден ден 17 сообраќајни незгоди во Скопје

За еден ден 17 сообраќајни незгоди во Скопје

Во текот на вчерашниот ден (30.07.2018) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле вкупно 17 сообраќајни незгоди, од кои шест со лесни телесни повреди и 11 со материјална штета.

Во сообраќајните незгоди осум лица се здобиле со лесни телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 42 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 22 возачи од кои: еден возач поради тоа што управувал моторно возило под дејство на алкохол, 15 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и шест возачи затоа што биле возачи-почетници.

Исто така исклучени од сообраќај се и 21 возило бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се четири возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца возачи поради неправилно престројување, еден поради неправилно престигнување, тројца затоа што не дале првенство на минување на возила во зона на крстосница и 13 возачи поради неносење заштитен шлем (кацига). Покрај ова, санкциониран бил и еден пешак затоа што поминал коловоз надвор од пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 95 мандатни платни налози, додека 59 возила се подигнати со специјално возило "пајак".


Слично

Поврзани вести