Економија, финансии, бизнис

Контакт

За еден ден двајца познати прилепчани побараа одговорност од првиот човек на општинската СДСМ - одговорност за поразот на локални треба да има

За еден ден двајца познати прилепчани побараа одговорност од првиот човек на општинската СДСМ - одговорност за поразот на локални треба да има

За два дена, двајца познати прилепчани, блиски до СДСМ, побараа одговорност од првиот човек на општинската организација на СДСМ во Прилеп.

Неговото име конкретно не го споменуваат, но од нивните објави може да се види незадоволството од работењето на општинското раководство на партијата.

Тие во своите постови на фејсбук бараат да се преземе одговорноста по лошите резултати на локалните избори во Прилеп, каде што градоначалничкото место го освои ВМРО-ДПМНЕ, откако претходно со градот раководеше кадар на СДСМ.

Вчера на фејсбук се огласи новинарката Моника Телеска, која е поддржувач на СДСМ и работеше со претходниот градоначалник на тоj град, потенцирајќи дека на партијата и се неопходни промени на сите нивоа. 

„Конкретно Прилеп, има толку квалитетни кадри и млади и возрасни кои никогаш поради културата, поради скрупулите, нивото, поради се што е човечка доблест, не се наметнале туку им биле инструмент на оние кои се покажаа целосно неспособни да се дадат за заедницата, па се даваа само за себе! Време е прилепските реално квалитетни кадри, да дојдат на површина! И доста се критики за опозицијата! Прилеп изгуби! Но, не од опозицијата! Од фактот што лукративната „елита“ си ги остваруваше исклучиво своите интереси и цели, не водејќи сметка за другите!

Никој не смее и натму до дозволи да биде толку наивен и натаму да им прави пат на истите, кои обземени од егоизам, еготизам и самобендисаност, заборавија на обичните граѓани! Го апстрахираа целосно она што е реален интерес на заедницата, обземени од мислата дека додека имаат политичка моќ се врв на градот! Никогаш не биле! Оти врв се станува со знаење, со општествен влог, со култура и почит за сите членови, за ветераните кои ја создале партијата, кои многу направиле низ децениите за градот и државата, со почит за сите граѓани на Прилеп, без оглед од која провиниенција доаѓаат!“, напиша на фејсбук Талевска.

Вчера се огласи и Рубин Иваноски, сопственик на Народен глас.

Ова е неговиот статус на фејсбук.

„Не сака селфи мавање машко, одговорност сака, отчет пред членството на ОО СДСМ Прилеп, само Ла Пјаца чоек можи да те најди и некаде кај шо не можи да те најди. Финансиски извештај, извештај за 4 години локална власт, камо?! Отчет за 3 порази на 3 изборни циклуси, камо?!

Должиш многу одговори пред членството, изиграно, излагано ама буквално за цел твој мандат. ВМРО-ДПМНЕ се расфрла со закани за ревизии по јавни претпријатија, припрема кривични и шо уште не, тебе те нема да гугниш, вака не се брани членство и СДСМ друже.

П.С. Ова како сакаш сфати го, можи си супер родител, другар, пријател, роднина ама како политичар имаш одговорност пред луѓе, не пред стока.

Башка ако ти се изговор службените патувања, најди си човек што ќе работи со членството и општинската и во простории и на терен, тоа ич не ти е изговор, ама апсолутно никаков, нити па јавните критики, сепак си јавна личност и мора да имаш рбет за критика“, напиша вчера Ивановски на својот профил.




Слично

Поврзани вести