Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЗА ДУШЕВНА БОЛКА: Верушевски бара од државата 71 илјади евра

ЗА ДУШЕВНА БОЛКА: Верушевски бара од државата 71 илјади евра

Зоран Верушевски, поранешен разузнавач и советник за безбедност на премиерот Зоран Заев, ја тужи државата за двата неосновани притвора со кои беше во затвор 11 месеца во 2015 година за случајот „Пуч“ и обвинението за неовластено поседување оружје, објави порталот А1он. 

Оштетното побарување на Верушевски 4 милиони и 104 илјади денари или приближно 71 илјада евра. Верушевски пред судот рече дека мотивот на оваа правна иницијатива е да се заокружи личната семејна голгота која му ја наметна државата, со конструкција без преседан во историјата на државата. 

Според него, сите што му го скроиле ова се надвор од лицето на правдата, алудирајќи на обвинителството и полицијата. 

Верушевски рече дека независно дали тогашните провладини новинари, како што рече, го промениле рувото, тие засекогаш ќе останат на столбот на срамот. Изрекувањето на пресудата е закажно на 4 ноември. 

Верушевски од јануари 2015 до крајот на декември 2015 беше година беше во притвор. СЈО го повлече обвинението за случајот

Слично

Поврзани вести