Економија, финансии, бизнис

Контакт

За Дурловски побаран куќен притвор, за Пешевска укинување

За Дурловски побаран куќен притвор, за Пешевска укинување

Пратеничката Жаклина Пешевска може да биде првата од осомничените за настаните на 27 април која ќе биде ослободена од куќен притвор, а исто така по барање на обвинителството ефективниот притвор на Игор Дурловски треба да биде заменет со куќен притвор. 

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот суд Скопје 1 – Скопје достави барање за продолжување на мерките за обезбедување на присуство и за непречено водење на кривичната постапка за триесет и петмината осомничени за настаните што се случија на 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија. 

„Надлежниот обвинител побара од судот за лицето Ж.П. да биде укината мерката куќен притвор и истата да биде заменета со мерки на претпазливост, а за осомниченото лице И.Д. мерката притвор да биде заменета со мерка – куќен притвор. За останатите осомничени лица обвинителството останува на барањето за продолжување на претходно изречените мерки за обезбедување на присуство и за непречено водење на кривичната постапка“, соопшти Обвинителството.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција побара од кривичниот суд да ја укине мерката куќен притвор за пратеничката Жаклина Пешевска и нејзина замена со мерки на претпазливост.


Слично

Поврзани вести