Економија, финансии, бизнис

Контакт

Догодина изградба на 64 станови за деца без родители

Догодина изградба на 64 станови за деца без родители

 Изградба на нови 64 социјални станови наменети за децата без родители, се планираат за идната година, најави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

„Определивме по 18.000 денари месечно да добиваат сите деца без родители што ќе одат на факултет. Владата донесе и одлука да им помага на децата без родители кога ќе го завршат образованието и да им додели и станови. За следната година се планира да бидат изградени 64 станови наменети за децата без родители, изјави Ставрески при предавањето на донацијата од вработените во УЈП за Домот „11 Октовмри“ во Скопје, а по повод Светскиот ден на даночниците.

Од УЈП во Домот за деца без родители беа донирани два ЛЦД телевизора, осум микробранови печки и миксери, како одговор на барањето на надлежните во Домот за реализација на проектот за осамостојување на децата.

 
Слично

Поврзани вести