Економија, финансии, бизнис

Контакт

За Димитров рамката на Нимиц е само повик страните пофокусирано да разговараат

За Димитров рамката на Нимиц е само повик страните пофокусирано да разговараат

Изјавата на македонскиот преговарач во процесот на преговори за спорот за името во ОН дека предлогот на Нимиц не дава оптимизам за достоинствено решение засега е ставена во втор план од страна на државниот врв, па дури и дипломатите избегнуваат да дадат посериозен став се со цел да не му се наштети на актуелниот обид да се изнајде решение. Така и првиот дипломат, министерот Димитров не даде конкретен коментар за изјавите на Наумовски.

„Ќе згрешам ако на брзоплетост ќе одговорам со брзоплетост“ изјави Димитров, порачувајќи и на опозицијата да не игра игри со ова прашање.

За Васко Наумовски рече дека тој е предложен од претходната влада и е именуван од претседателот на Република Македонија.

„Наследивме и многу кои што не се кариерни дипломати, кои што се политички пратени од нашите претходници. Многу е лесно да се дигне раце, тешкото е и мислам дека нема поголема патриотска должност од сите кои сме вклучени да го туркаме процесот напред“ изјави Димитров пред медиумите.

Владата допрва треба да ја разгледува понудената рамка од страна на медијаторот Нимиц на последната рунда на разговори одржана во Њујорк за потоа да излезе со став. За Димитров веќе е познато дека тој е оптимист, но како што кажа со грижи.

„За разлика од предлог, прво формата, кој што е дециден на пример за име кое што ќе се употребува во меѓународни организации. Предлогот главно предизвикува прифаќање или одбивање, во минатото често двете страни одбивале или едната прифаќала, а другата одбивала. Кај рамка е само повик страните фокусирано да разговараат. Има поголема флексибилност, не е до крај прецизна, може да има илустративни примери – објасни Димитров.

Тој порача дека треба да бидеме внимателни во изразувањето на очекувањата, бидејќи имаме одговорност за нашите постапки, за нашиот период.


Слично

Поврзани вести