За десет дена тројно се намали интересот за вакцинација против Ковид-19
За десет дена тројно намалена заинтересираноста за вакцинацијата против Ковид-19 во Македонија, евидентира Канал 5, според анализата од извештаите кои ги пласира Министерството за здравство во јавноста.
Извештајот од последниот ден во август пожаува над 13.000 вакцини, а пред два дена 16.737, но само 1.959 граѓани дошле пред вакциналните пунктови за прва доза. Пд Министерството за здравство тврдат дека недостигот на вакцини не е причина за тоа и дека изборот се сведува на на Фајзер, Синовак и Астра Зенека.
Д-р Злате Мехмедовиќ од Клиниката за пулмологија во Скопје во изјавата за Радио Слободна Европа вели дека дополнителен проблем за недовербата кај голем дел од населението претставува неетичкото и сензационалистичко известување на медиумите и нетранспарентноста.
„Постојат неколку основни работи коишто треба да ги знаеме, а тоа е дека мора да имаме транспарентност на оние фирми, веледрогерии, коишто ги произведуваат вакцините за тоа каква е безбедноста, ефикасноста и клиничките истражувања од вакцините. Доколку тие се јавно достапни и презентирани, тогаш ќе биде многу полесно да ги убедите граѓаните. Во одредени случаи поради лошата комуникација, овие податоци погрешно се презентираат или воопшто не се презентираат на оние коишто не веруваат во безбедноста и ефикасноста на вакцините“ вели д-р Мехмедовиќ.
Во Македонија периодов против Ковид-19 се вакцинираат од 13 до 15 илјади луѓе дневно. Дел лекари оценуваат дека ова темпо е солидно, но сметаат дека е потребно висок процент од населениоето да биде вакцинирано за да се постигне соодветна заштита.